Активистите за климатски промени ги блокираа главните пристапи кон Лондон, предизвикувајќи колапс во сообраќајот. Полицијата соопшти дека уапсила 38 лица.

Околу 50 активисти од групата „Заштити ја Британија“, која бара владата да вети дека ќе обезбеди заштита за 29 милиони домови во земјата, го блокираа тунелот Блеквол во источен Лондон, како и прометните улици на северот и западниот дел на главниот град, објавија тамошните гласила.

Лондонската градска полиција соопшти дека уапсила 38 лица за блокирање на сообраќајот и нарушување на јавниот ред и мир.

– Веруваме дека протестите од овој вид се ирационални и работиме што е можно побрзо за да го минимизираме метежот што го направија учесниците во сообраќајот – објави полицијата на Твитер.

Ова е 11-та акција на групата „Заштити ја Британија“ од неодамна, а нејзините активисти претходно блокираа патишта и крстосници во Лондон.

Владата во неделата објави дека ќе го промени постојниот закон со цел да ги заостри казните за блокирање на патиштата, со што активистите ќе се соочат со неограничена парична казна или шестмесечна затворска казна.