Двајца разбојници, од кои едниот бил вооружен, ограбиле обложувачница во Аеродром.

Според информациите на МВР, вчера, во 9.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувачница на подрачјето на Аеродором, две лица, од кои едното имало пиштол, со закана врз вработениот К .С. (32) од Скопје украле пари.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.