Фото: МВР

Малолетник крадел пари, па со нив си купил електричен тротинет

На булеварот Кузман Јосифовски-Питу во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Кисела Вода лишиле од слобода малолетник од Битола, поради сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела.
Тој се сомничи дека на 20.6.2022 извршил тешка кражба во пекарница на улицата Мајски цвет, при што одзел пари, на 17.9.2022 извршил кражба во книжарница на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, при што одзел паричник, на 20.9.2022 одзел електричен тротинет на улицата Никола Малешевски и на 22.9.2022 извршил две кражби во продажен објект на улицата Варшавска, при што одзел два паричника, додека од приватна медицинска установа одзел ранец со пари и лични документи.
Кај него биле пронајдени тротинет, купен со пари што потекнуваат од кривичните дела, картички од кражба во приватна лабораторија, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Со него бил затекнат и малолетникот А.О., кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот, а кој потоа му бил вратен на старателот. За случајот бил известен јавен обвинител, а малолетникот му бил предаден на социјален работник од Центарот за социјални работи во Битола. По целосното документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Скопје санкционирани 203 возачи, 34 од нив возеле „брзо и бесно“

Министерството за внатрешни работи во текот на завчерашниот ден (22.9.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на градот Скопје се изречени вкупно 203 мерки, меѓу кои 34 санкции за возење над дозволената брзина, 24 мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 15 мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, 11 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 39 санкции што ги прават возачи на мотоцикли…