Уапсен скопјанец поради дрски кражби

На кејот Димитар Влахов во Скопје, завчера, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Центар и Бит-пазар при СВР-Скопје го лишиле од слобода А.Ј. (41) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачје на ЕВР-Центар и Бит-пазар сторил повеќе кривични дела „дрска кражба“.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведена жена – фатена како краде пари од каса од маркет во Куманово

Полициски службеници од СВР-Куманово ја лишиле од слобода Е.П. (41) од Куманово. Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул. АВНОЈ во Куманово. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фалсификувал лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот сообраќај

На граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица – Стар Дојран го лишиле од слобода В.Ј. (31) од Куманово. По извршени проверки било констатирано дека, при граничната контрола, тој приложил фалсификуван извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот сообраќај за возилото „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје, кое го управувал. Притоа, било утврдено дека лиценцата фигурира за друго возило. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Три возила се движеле со 70 километри на час повеќе од пропишаната брзина

Во текот на завчерашниот ден (21.9.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање возачи возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 131 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури 70 километри на час повеќе од пропишаната. Притоа, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.
Наедно, беше спроведена акциска контрола за санкционирање возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување товарни моторни возила.
Контролирани се 563 возила, при што се преземени 70 мерки по констатираните прекршоци. Од нив, изречени се 37 санкции за технички неисправни возила, 21 санкција по однос на товар и 19 мерки по констатирани прекршоци во однос на возачи.