Од „Беса Транс“ преку Фејсбук ги негираа информациите објавени во дел од медиумите според кои туристичката агенција, наводно, ќе продолжи да организира патувања до Турција од јануари в година.
Туристичката агенција нагласува и дека моментно не може да организира транспорт.
„Беса Транс“ во објавата истакнува и дека агенцијата е насочена кон соработка со македонските и со бугарските институции со цел за што побрзо откривање на причините за трагедијата што се случи во Бугарија минатиот месец.
Несреќата во која загинаа 45, а седум лица беа повредени, се случи во раните утрински часови на 23 ноември кога тие со автобус на агенцијата „Беса транс“, преку Бугарија, се враќаа од Истанбул.