Француската полиција уапси двајца мажи, исламски екстремисти, под сомнение дека планирале терористички напади во Париз на Божиќ, објави француската „БФМТВ“.

Уапсени се мажи на возраст од 23 и 29 години, а на 29 ноември биле приведени од секторот за внатрешна безбедност, изјавил судски извор за „БФМТВ“, потврдувајќи ја информацијата на весникот „Паризиен“.

Против нив е поднесена кривична пријава, од 3 декември се во затвор, а истрагата е во тек. Уапсените планирале да упаднат во трговски центри, факултети, преполни улици, а еден од нив признал дека имале таква намера.

Во нивниот дом е пронајдена литература за џихад и пропаганда на таканаречената терористичка Исламска држава.

Според „Паризиен“, нивната цел била потоа да бидат убиени од полицијата и да бидат прогласени за маченици.