Голем пожар попладнево избувнал во фабриката за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола.
Пожарот е уште активен, а на терен, покрај протовпожарните единици се излезени градоначалникот Тони Коњановски и полициските службеници.

Од Територијалната противпожарна единица во Битола иинформираат дека нивна екипа веднаш интервенирала.
По добиените информации за пожарот во поранешна „Жито Битола“ реагираше и градоначалникот Тони Коњановски кој потврди дека ги контактирал сите надлежни служби за брза интервенција, а разговарал и со министерот во Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски.

–Важно е што нема повредени лица. Мобилизирани се сите пожарникари, а побаравме помош и од соодветни екипи на РЕК Битола. Разговрав и ги информирав ЦУК, министерот Оливер Спасовски, како и колеги од соседните градови да помогнат доколку пожарот ги зголеми размерите-истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.
Вечерва со соопштение до јавноста излезе СВР-Битола од каде информираат дека на терен се излезени и полициски службеници за координирање на сообраќајот и јавниот ред во тој дел на градот.

–До сега нема пријава за повредени лица. Полициските службеници во координација со територијалната противпожарна единица Битола интензивно преземаат мерки за гасење на пожарот-соопштија од СВР-Битола.
Превентивно, во овој дел на градот исклучена е електричната енергија, а сообраќајот се одвива со посебен сообраќаен режим.
М.М.