Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“, во саботата рече дека годишната вакцинација против корона вирусот би била подобра од почестите дози за засилување.

Вакцината против корона на „Фајзер“ се покажа како ефикасна против тешки форми на болеста и смртни случаи предизвикани од варијантата омикрон, но помалку ефикасна во спречувањето на преносот на инфекцијата.
Како што се зголемува бројот на случаи, некои земји ги засилија своите програми за вакцинација или го скратија времето помеѓу вакцините додека владите се борат да ја зајакнат заштитата.

Во интервју за израелски медиум, Бурла беше прашан дали да се даваат бустер дози на секои четири до пет месеци.

-Ова нема да биде добро сценарио. Она што се надевам е дека ќе имаме вакцина што ќе треба да ја земате еднаш годишно-рече Бурла.

Според него, еднаш годишно, полесно е да се убедат луѓето да го направат тоа.

-Значи, од гледна точка на јавното здравје, тоа е идеална ситуација. Разгледуваме дали можеме да создадеме вакцина која го покрива омикрон и не заборава на другите варијанти и тоа би можело да биде решението-додаде тој.

Бурла рече дека „Фајзер“ може да поднесе барање за одобрување за нова, редизајнирана омикронска вакцина и нејзино масовно производство, што е можно поскоро до март.

Цитирајќи три студии, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во петокот соопшти дека третата доза на вакцината mRNA е клучна за борба против варијантата омикрон, обезбедувајќи 90 проценти заштита од хоспитализација, пренесува Индекс.хр.

Прелиминарната студија објавена во понеделникот од израелскиот медицински центар Шеба покажа дека четвртата доза ги зголемува антителата на дури и повисоки нивоа од една третина, но веројатно не е доволна за одбрана од омикрон. Сепак, втора доза за ризичните групи сè уште се советува, се вели во студијата.