Фото: Собрание

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека гласањето за уставните измени би можело да се одложи ако не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа.

-Чинот на гласање не е врзан со последниот ден. Тоа го предвидува и деловникот и праксата. Собранието одлучува ако го има потребното мнозинство – рече Џафери.

Расправата на пленарна седница за Уставни измени ќе почне на 18-ти август. Како што објасни Џафери, таа во принцип трае 10 работни дена.

Според претседателот на законодавниот дом, понатаму сѐ ќе зависи од моменталната состојба, односно дали ќе се обезбеди дво-третинското мнозиснтво.