Фото: Општина Центар

Пожарот кај поранешната фабрика Треска во Скопје е локализиран и речиси целосно изгаснат, информираше Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар.

Противпожарната бригада го гаснеше пожарот со 10 возила.

Нема повредени во пожарот кај „Треска“, се евакуираа жителите од околните објекти

-Пожарот е локализиран и речиси целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на надлежните. Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарост до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени – изјави Герасимовски.

Фото: Општина Центар

Жителите и вработените во околните продавници беа навремено евакуирани, а Герасимовски упати апел до граѓаните додека трае интервенцијата, да го избегнуваат метежот кој се создаде на околните улици.

Видео: Гореа магацин и пластика