Поранешниот специјален главен обвинител, Гаврил Бубевски ќе биде нов шеф на скопското Јавно обвинителство.

Ова се последните одлуки донесени од Советот на јавни обвинители.

Обвинителот Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство, ги застапуваше предметите „Насилство во општина Центар“ и „Монструм“.
Тој доаѓа на местото на обвинителот Сашо Рајчев кој во април 2021 година беше избран за Виш јавен обвинител.
На денешната седница избрани се и јавни обвинители во Јавното обвинителство, а таму ќе бидат Соња Симовска и Љупчо Коцевски.
Во тетовското Јавно обвинителство јавен обвинител ќе биде и Бесар Алиу.