Фото: Општина Чаир

Од локалната самоуправа на општина Чаир информираат дека интервенциите се одвиваат непрекинато од синоќа, со цел што побрзо да се воспостави нормално функционирање во погодените делови на општината.

Во акцијата се ангажирани сезонски работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанија ангажирана од Општината, како и четири камиони кои работат на расчистување на секундарните улици и јавните површини. Паралелно се отстрануваат паднати дрвја, гранки и друг отпад во координација со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“.

Од Општина Чаир најавуваат дека активностите ќе продолжат сè додека не бидат завршени сите неопходни интервенции и состојбата целосно не се нормализира.