Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахиј, освоил 4.442 гласа во вториот круг од локалните избори во Општина Брвеница, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, добил 4.177 гласа, соопшти Државната изборна комисија.
Станува збор за првични неофицијални резултати, добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општината.
Според податоците на ДИК, излезноста во вториот круг изнесува 54,29 проценти, односно на гласање излегле 8.820 избирачи.
Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, изјави дека гласањето поминало во фер и демократска атмосфера. Приговори во врска со гласањето може да се поднесат до вторник.

































