Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, годинава кога се одбележуваат 35 години од осамостојувањето на државата.
Во честитката се истакнува дека 8 Септември претставува голем и значаен историски датум, кој Македонците со гордост го чествуваат и почитуваат.
Од друштвото посочуваат дека свој придонес во создавањето, зачувувањето и афирмирањето на македонската национална свест и стремежот кон слободна и независна Македонија дале и Македонците во Албанија.
-Со негувањето на македонскиот јазик, културата, традицијата и националниот идентитет, Македонците од Албанија со гордост се дел од македонската историја и одбележувањето на овој голем празник – се наведува во честитката.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана упатува и порака да се зачува споменот на сите оние кои придонеле за слободна и независна Македонија, а празникот да се одбележува со гордост, достоинство и љубов.
-Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! – се додава во честитката.
































