фото: Левица-Фејсбук

Лидерот на Левица Димитар Апасиев објави дека власта го одбила нивниот предлог за договорите на определено време да траат максимум шест месец.

„Окупационата антиработничка власт на СДС+ДУИ го одби предлог-законот на Левица за измена на Законот за работни односи, со кој договорите за работа на определено време ќе се намалеа од сегашните пет години на максимум шест месеци – по што работодавецот ќе беше должен да заснова договор за работа со работникот на неопределено време“, вели Апасаиев во својата објава на Фејсбук.