Фото: Игор Бансколиев

Цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемува за еден денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 84,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 72,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домажинство 71,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,001 ден/кг.

Зголемувањето на цените, како што појаснуваат од РКЕ, се должи на порастот на цените на нафтените деривати на светските берзи.