Фото: Принтскрин

Портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева објави дека и бил демолиран и искрешен автомобилот.

„Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“, напиша Митева на социјалните мрежи.