Утре ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ=9

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во четврток времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер, информира УХМР. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.