Фото: Игор Бансколиев

Надлежните служби го чистат теренот на граничниот премин „Богородица“ во пресрет на смената на таблите со државното име, како што можеше да забележи екипата на „Нова Македонија“. Таблите со натписот „Република Северна Македонија“ пристигнаа и допрва се очекува да почне нивното поставување. П.С.