Тачко Локвенец, новинар и долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ од Прилеп
почина на 79-годишна возраст, како последица од коронавирусот. Од 1962 година и
речиси до пензионирањето беше дописник за првиот македонски дневен весник.

Во 1985 година дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Во својата долга новинарска кариера објавил безброј записи, белешки, репортажи, информации, коментари, осврти и други новинарски родови, во кои ги третираше актуелните општествено политички, стопански, културни, спортски и други проблеми. На страниците на „Нова Македонија“ објавувал и материјали со кои третирал настани од НОБ.

Автор е на повеќе книги и збирки. Во последните години го издаваше колор-магазинот „Порта“. Локвенец беше еден од врвните мајстори на македонскиот журнализам, често
недофатлив во својот стил. Ка.М.