Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои треба да ги испитаат сите околности, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали власта се меша во истрагата во Тетово.

Маричиќ потенцира дека германските истражители пристигнале вчера и дека сите институции се ставени на раполагање да помогнат во истрагата.

„Вчеравечер беше свикан кризниот штаб и сите документи им се предадени на надлежните институции. Обезбедено е местото на настанот и сите предуслови за брза и успешна истрага ги имаат институциите, а ние како Влада сме заинтересирани што побргу да излезат институциите со фактите, кои ќе помогнат за понатамошно постапување и извлекување научени лекции од овој трагичен настан“, рече министерот за правда.