Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Романија во земјава, Адела Моника Аксинте.

– Успешната соработка со Романија, како земја поддржувач на нашите европски интеграции, ја бележиме во повеќе области и тоа главно преку ИПА инструментите – посочил Димитров, додавајќи дека во претстојниот период кога приоритетите на Владата се насочени кон унапредување на европските реформи, оваа соработка има голем потенцијал да се прошири и продлабочи.

Од страна на новоименуваната амбасадорка Аксинте била реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите за членство со Унијата што е можно побрзо.