Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, изјави дека училишната година не мора да заврши на 10 јуни, бидејќи во моментов има прекин на наставата поради епидемија и вонредни состојби. Тој рече дека има нов Закон за основно образование каде што е предвидено колку наставни денови треба да има училишната година.

– Имаме две опции. Училишната година не мора да заврши на 10 јуни. Втората опција е да се подготват скратени наставни програми. Пред да се определиме за која било опција треба да се измени и дополни годишниот календар за организирање на настава – нагласи Адеми, додавајќи дела образовните институции ќе бидат благовремени известени од нивна страна.

Во однос на средните училишта, Адеми посочи дека наставата може да се организира за време на викенди или со скратени програми.

Министерот до општините и до раководствата на училиштата апелираше да организираат дезинфекција на образовните институции, конкретно на основните и средните училишта.