Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на ковид-19: Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистриран e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово,Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.279, активни 275
Куманово 16.683, активни 8
Битола 15.708, активни 41
Прилеп 14.220, активни 7
Тетово 13.484, активни 6
Кавадарци 10.697, активни 11
Велес 9.801, активни 6
Гостивар 9.614, активни 9
Охрид 8.938, активни 20
Штип 8.080, активни 15
Струмица 8.078, активни 5
Кичево 5.653, активни 3
Кочани 5.100, активни 6
Струга 4.729, активни 1
Гевгелија 4.424, активни 1
Неготино 3.698, активни 5
Ресен 2.751, активни 1
Свети Николе 2.636, активни 2
Радовиш 2.531, активни 0
Крива Паланка 2.419, активни 1
Делчево 1.986, активни 1
Берово 1.692, активни 1
Дебар 1.679, активни 2
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.395, активни 2
Пробиштип 1.267, активни 0
Богданци 1.021, активни 0
Кратово 966, активни 0
Крушево 930, активни 1
Демир Хисар 836, активни 0
Македонски Брод 739, активни 1
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 525, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 0