Фото: Маја Јаневска-Илиева

Намален и бројот на хоспитализирани и починати од ковид-19

Продолжува намалувњето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април годинава.

Тестирани се вкупно 14.434 материјали, а регистрирани се 1.106 нови позитивни случаи, со намалување од 31% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,4% до 10,6%, просечно 7,3%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (н=622; 56,2%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000, Демир Капија – 132,4/100.000 и Ресен – 132,2/100.000* (Табела 1, Картограм 1).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај возрасните групи од 0-9 (13,7%) и 10-19 (11,6%), а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 20-29 (26,6%).

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.706 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 4,6% помалку во споредба со минатата недела (н=1.789). Вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5% во однос на претходната недела.

Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (н=22). Најголем дел од нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група до 9 години.

Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а
најзабележително намалување во споредба со минатата недела има кај возрасната
група 50-59 (38,1%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со претходната седмица.

За 36,1% е нален бројот на реинфекции и вкупно се евидентирани 175.

Пријавени се 10 смртни случаи, за 23,1% помалку во однос на претходната недела (н=13). Најголем дел од нив се од Скопје (6). Во однос на возраста, регистрирани се 9 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен ПЦР-тест за детекција на коронавирус кај 54 позитивни примероци на коронавирус од болнички и примероци од пунктовите. Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 4 до 9 април, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Велес, Охрид и Гевгелија. Во 3 (5,6%) од испитуваните примероци е докажана БА.1 сублинијата на омикрон. Во 51 (94,4%) од испитуваните примероци е докажана БА.2 сублинијата на омикрон – позната уште и како „стелт“.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка, а нема лица на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 6 апруил 2022, вакцинирани се вкупно 873.332 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза се вакцинирани 155.817 лица.