Фото: Игор Бансколиев

Во изминатите три дена дена, од 16 до 18 септември 2022, регистрирани се нови 173 нови ковид-случаи од 1.216 направени тестови, како и 186 оздравени пациенти и тројца починати, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, 123 се во Скопје, во Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (173), 46 се реинфекции.

Регистрирани се 186 оздравени пациенти и тоа од Скопје 107, Куманово 11, Кавадарци и Велес по 9, Прилеп, Кочани и Неготино по 6, Битола 5, Берово 4, Тетово, Кичево, Струга и Кратово по 3, Гостивар и Струмица по 2, Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (16.09 – 18.09.2022) пријавени се три починати лица, по едно лице од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата починале во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.216 тестови и тоа преку ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-133, ЦЈЗ Битола-42, ЦЈЗ Прилеп-12, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-32, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-23, Биотек-44, Систина-25, лабораторија Лаор-8, Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност-6, Генеа-2, Никоб Лаб-65, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-7,  Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–7, Рамус-8 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 559.

Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починати 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.