Министерот за здравство, Венко Филипче упати благодарност преку социјалните мрежи до здравствените работници.

– Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници. Тие неуморно се борат за зачувување на јавното здравје. Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места – напиша министерот Филипче на неговата фејсбук-страница.

Тој до сите граѓани апелира да ги почитуваат мерките за заштита, да носат лична заштита за уста и нос, да држат дистанца, и да го почитуваат ограничувањето на движењето.

„Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество. Заедно ќе надминеме“, порача министерот Филипче.

Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници. Тие неуморно се борат…

Posted by Венко Филипче on Петок, 01 мај 2020