Уште 12 патници кои пристигнале со саботниот лет на Визер од Скопје во Турку, Финска, се позитивни на коронавирус. Како што соопштија финските власти, на летот имало вкупно 115 патници, од кои 95 проценти биле тестирани. Сите патници добиле писмени наредби за домашен карантин.

Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на ковид-19. На 8 август позитивни беа 26 лица, а на вториот лет на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаи на коронавирус.

Патниците во трите лета, во најголем дел, биле државјани на Косово и на Финска.