Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, односно во периодот од 21 до 27 јуни, во општината имало еден нов случај на ковид-19. Починати од последици на коронавирусот нема.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 18, а едно лице се лекува
во болнички услови. Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 8.327, а од почетокот на пандемијата во градот починале 426 лица.

– Овие денови интензивирана е имунизацијата на заинтересираните. Дневно се вакцинираат по 900 лица, дел од нив со втора доза, а поголемиот дел со прва доза, и претежно се помлади лица. На располагање се вакцините на „Фајзер“, „Синовак“ и
„Астра зенека“ – вели Кети Смилеска, директорка на прилепската болница. Ка.М.