Фото: Игор Бансколиев

Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини против коронавирус, а ревакцинирани се 219.061 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

– На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани – велат од МЗ.

Со последните бројки, 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 42 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од Министерството велат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „вакцинација.мк“ е 466.451 граѓани.