Фото: Игор Бансколиев

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека мерките за изолација од страна на голем број граѓани не се почитуваат и покрај сите препораки да не се излегува од домовите, освен ако не е нужно и да нема собирање во поголеми групи.

Поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница.

– Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не го земаат сериозно. Имаме одговорност мерките да ги заостриме, бидејќи тие ќе имаат логика и ќе дадат резултати само ако целосно се почитуваат – вели тој.

Комисијата за заразни болести утрово веќе дала предлог препораки во однос на засилување на мерките и истите попладневно треба да бидат разгледани на владина седница.