Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус, а 10 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 143, од кои 112 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 224 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 737. Ка.М.