Општина Бутел во однос на мерки за заштита и превенција од ковид-19 формираше мобилен тим кој ќе врши достава на лекови и намирници за возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести за жители на територија на Општина Бутел.

Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени производи и средстава за хигиена, со цел да не се изложи на дополнителна опасност од инфицирање ќе може да се јави на 075/249-314 од 08.30 до 16.30 часот, вклучително и викенди.

– Нашиот мобилен тим, ќе ги почитува сите мерки на претпазливост, и ќе допре до секој дом каде што е неопходна поддршка за обезбедување на основните намирници. Ова е време во кое треба да бидеме одговорни и да останеме дома – велат од општината.