Во рамките на хуманитарната акција во борба против коронавирусот, компанијата
„Моцарт“ донираше парична помош во вредност од 307.000 денари, односно 5.000 евра, наменети за Клиничката болница во Битола.

Лидерот во областа на приредување на игри на среќа – „Моцарт Бет“, подготви
вкупна донација за болниците во износ од 50.000 евра. Досега помош добија
здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и
фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар и Клиничката болница во Битола. Во следниот период ќе се реализираат уште неколку донации наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти.

– Секоја донација ни е добредојдена во овој момент кога се справуваме со пандемијата од ковид-19, потребите на Клиничката болница Битола за донации од ваков вид се големи. Токму затоа оваа помош доаѓа во навистина важен и клучен момент и значително ќе ни помогне во зајакнувањето на нашите капацитети. Донираните средства ќе бидат искористени за набавка на лична заштитна опрема – скафандери и заштитни маски. Се надевам дека и другите стопански субјекти во градот ќе го следат примерот во општествената одговорност – истакна директорката на клиниката, Д-р Билјана Гагачовска.

Како поддршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, Моззарт истакна дека предвидените средства наменети за македонските болници се распределуваат по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.

– Во овие тешки моменти, од исклучителна важност е да се покаже солидарност, а ние правиме сè што е во наша моќ да помогнеме на државниот здравствен систем, на здравствените работници кои во овие вонредни околности вложуваат надчовечки напори. Како компанија која и досега е позната по својата голема општествена одговорност, ги повикуваме и другите компании и поединци да се вклучат кон овој пример – изјавија од менаџментот на „Моцарт Бет“.

Компанијата „Моцарт“ е препознатлива како општествено-одговорна компанија која
настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да
придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и ќе продолжи со хуманите
гестови кои ќе помогнат во борбата со коронавирусот. М.М.