Вработените во Македонскиот дипломатски синдикат ќе се вакцинираат во Србија благодарејќи на солидарноста на Синдикатот на МПС на Србија, во рамките на меѓународната соработка.

Вакцинацијата ќе се спроведе на 8 мај во Врање, Србија, a би требало да се изврши со вакцините на „Фајзер“ и на „спутник В“.

Македонскиот дипломатски синдикат ги повикува сите заинтересирани, вклучително и нивните сопруг/сопруга или партнер/партнерка да се пријават на е-маил адресата [email protected]. Пријавувањето е отворено до 6 мај.

– Страотните последици на пандемијата ги почувствуваме и внатре во куќата и секој дополнителен ден чекање носи огромен ризик по нашето здравје и животи. Животот е приоритет над приоритетите. Вакцинацијата е секако личен избор, но како синдикална организација охрабруваме што поголем број од нас да го сторат тоа, за добробит и заштита на сите нас и нашата служба во крајна линија. Наедно, го покануваме и нашето раководство на соработка, доколку е во можност да помогне од логистички аспект, како дел од критичната инфраструктура – се наведува во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.