Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) е против задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор.

Oд таму сметаат дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работниците во однос на прашањето за имунизација од ковид-19.

„Мнозинство од работниците се веќе вакцинирани, но има и некои од вработените што решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и Синдикатот силно го почитува нивниот избор.

Како КСОМ ги поздравивме кампањата и едукацијата на работниците во однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам си носи одлука за сопственото тело.

Присилната – задолжителна вакцинација е неуставна и доколку таа прејде во фаза на спроведување, КСОМ најавува дека ќе организира синдикални протести и ќе поведе иницијатива пред Уставниот суд со цел да ги заштити членовите на Синдикатот, кои по сопствено убедуваење решиле дека не сакаат да се вакцинираат“, се наведува во соопштението на КСОМ.