Двајца келнери вработени во бифето во МВР се заразени од коронавирусот. Двајцата келнери деновиве ги послужувале дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Јавна безбедност Сашо Тасевски.
Од МВР ја потврдуваат оваа информација и велат дека ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на вработените.

– Од страна на стручните служби во МВР е остварен контакт со епидемиолози и во тек е преземање на понатамошни мерки. Дополнително, утрово од страна на министерот Чулев и дополнителниот заменик на министерот, Петровска е остварен контакт со претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски и со министерот за здравство, Филипче при што е побарано најитно да се направи епидемиолошка анкета на вработените – велат од МВР.

Петровска од 1 јуни требаше да биде во самоизолација откако позитивни на коронавирус излегоа тестовите на Мухамед Зекири и Сања Лукаревска.