Денеска го добив резултатот од вториот тест за коронавирус и тој е негативен, објави на Фејсбук, премиерот Оливер Спасовски кои се заблагодари за поддршката која ја добил во времето минато во изолација.

– Останува и понатаму да внимаваме и да ги почитуваме мерките. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите“, порача премиерот додавајќи дека само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со Ковид-19 – објави Спасовски.