Фото: Игор Бансколиев

Од денеска во Прилеп, информираат од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, нема да важи бесплатниот превоз во јавниот градски сообраќај. Како што посочуваат од претпријатието времено се укинува бесплатниот превоз за учениците и за возрасните лица, за жените со над 62, и за мажите над 64 години.

Укинувањето на бесплатниот градски превоз за посочените категории граѓани е превентивна мерка и согласно со препораките на Владата во врска со новонастанатата состојба со корона вирусот и заштита од него.

Одлуката е времена и ќе важи две недели се до наредна препорака велат од ЈП за ПУП Прилеп.     Ка.М.