Зголемувањето на бројот на случаи на ковид-19 ја подигна и свесноста за заштита од заразата, со што повторно се актуелизира прашањето кои маски пружаат најдобра заштита од коронавирусот. Специјалистот по трудова медицина и супспецијалист пулмолог, д-р Злате Мехмедовиќ, наведува дека во објавените студии се препорачуваат маските кои имаат подобра филтрација, со што тој лично не би можел да даде препорака за конкретен вид.
– Врз основа на она што го имам читано за оваа тематика во објавените студии, најпрепорачливи се маските кои имаат подобра филтрација. Мислам дека во Германија беа препорачани маските од типот Н95. Всушност, има неколку стандарди за истиот вид на маски. Н95 е американски стандард, КН95 е кинески, а ФФП2 е европски стандард. На пример, Н95 значи дека филтрираат 95 отсто од честичките, а ФФП3 филтрираат 100 отсто. При носењето на хируршки маски, честичките исто така се филтрираат, но тие маски немаат исто припојување – објаснува д-р Мехмедовиќ.
Препораките за заштитните маски се дадени во текот на пандемијата, но Мехмедовиќ истакнува дека сега се наоѓаме во специфична ситуација со ширењето на две варијанти на коронавирусот – на делта-сојот и на омикрон, кој е позаразен.
– Претходно беа дадени препораки за заштитните маски, но сега се соочуваме со две варијанти на ковид-19, со делта и со омикрон, од кој заразноста е пет пати поголема и не може да се каже прецизно кои маски се најдобри, односно не би можел да препорачам конкретен вид на маска – вели д-р Мехмедовиќ.
Сите маски имаат одреден рок на употреба, а не се препорачува перењето на Н95-маските.
– Сите маски имаат одреден рок на употреба, со што смета дека маските од типот Н95 не би требало да се перат, бидејќи на тој начин не би се отстраниле соодветно честичките, а би можел да се оштети материјалот на маската – посочува Мехмедовиќ, забележувајќи оти свесноста за заштита од ковид-19 е зголемена и дека сѐ повеќе луѓе носат заштитни маски.