Во инфективното одделение во Битола моментно се хоспитализирани над 60 пациенти, а се зголемува приливот на нови заболени кои имаат потреба од хоспитализација. Ова го изјави началничката на инфективното одделение Ели Димитровска, во утринската емисија „Без дневен ред“ на РТВ „Б-97“.

Според Димитровска, во трите амбуланти кои работат во состав на инфективното одделение, дневно се прегледуваат по најмалку 200 пациенти.

Битола во последните неколку дена е втор град по бројот на заразени во Македонија, каде што активни се над 1.650 случаи на ковид-19. М.М.