Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на ковид-19: Скопје – 374, Куманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – 24, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Струга – 20, Струмица, Неготино и Радовиш – по 19, Кичево, Кочани и Кратово – по 9, Берово – 8, Крива Паланка – 7, Дебар и Валандово – по 5, Ресен и Крушево – по 4, Виница и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Богданци и Македонска Каменица – по 2, Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.

Регистрирани се 815 оздравени пациенти од: Скопје – 350, Битола – 65, Куманово – 44, Кавадарци – 39, Прилеп – 38, Тетово – 28, Охрид – 27,Велес – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар – 17, Ресен – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 14, Кичево – 13, Кочани – 10, Струга и Кратово – по 9, Радовиш и Крива Паланка – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Демир Хисар – 4, Дебар, Крушево, Виница и Богданци – по 3, Демир Капија – 2, Македонски Брод – 1.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (72г, 76г и 83г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 5 до 30 јули.

Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а бројот на активни случаи изнесува 4.139