Фото: Пиксабеј

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1.

Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.

Регистрирани сe 253 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Куманово – 17, Битола и Прилеп – по 13,Кавадарци – 10, Гевгелија – 5, Струмица – 4, Тетово, Ресен и Виница – по 3, Велес ,Гостивар и Кочани – по 2, Кичево, Неготино, Радовиш, Валандово, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 2 починати лица од: Струга (64 години) и Прилеп (63 години). Сите лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (2), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834.