Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 145, Струмица – 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 547 оздравени пациенти од: Скопје – 299, Битола – 47, Прилеп – 39, Струмица – 19, Кавадарци и Охрид – по 18, Куманово и Велес – по 15, Штип – 12, Ресен – 8, Кочани и Гевгелија – по 7, Свети Николе – 6, Кичево, Струга, Неготино, Крива Паланка и Демир Хисар – по 5, Делчево – 4, Тетово и Валандово – по 3, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (63г и 86г), и едно починато лице од Струмица (53г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (86г), Тетово (78г) и од Кичево (68г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.