Фото/Илустрација: Пиксабеј

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи со ковид-19 и 85 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително регистрирани се две починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Регистрирани се во период од 9 до 17 април.

Новозаболените сличи регистрирани се во Скопје – 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од кои Скопје – 55, Битола – 7, Охрид и Велес – по 5, Кавадарци и Прилеп – по 3, Струга – 2, Штип, Кичево, Тетово, Куманово и Делчево – по 1.

Досега во земјата направени се вкупно 2.018.029 тестирања за ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553.