Во 2021 година 3.077 луѓе загинале или исчезнале во Средоземно Море и Атлантски Океан во обид да стигнат до Европа, се наведува во најновиот извештај на Високиот комесаријат за бегалци на Обединети нации (УНХЦР).

УНХЦР апелира на итна акција за борба против зголемувањето на бројот на смртните случаи помеѓу барателите на азил и другите мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Во извештајот се наведува дека бројот на загинати или исчезнати мигранти минатата година е двојно поголем од 2020 година, кога по морски пат загинале или исчезнале 1.544 луѓе.