Во Србија утринава во 5 часот заврши последниот полициски час, кој во рамки на вонредната состојба беше воведен во борбата против ширењето на коронавирусот.

Српското собрание синоќа на седница ја укина вонредната состојба, воведена на 15 март, а тоа значи дека повеќе нема да има ограничување на слободата на движење, но на сила остануваат некои мерки за заштита за да се намали можноста од ширење на вирусот.

„За“ укинување на вонредната состојба гласале 155 пратеници. Против не бил ниту еден пратеник, еден бил воздржан, а еден не гласал. Предлогот беше усвоен по целодневна расправа.

Бројот на заболени од коронавирус во Србија достигна 9.791.