Фото: Пиксабеј

СВР Скопје поднесе две кривични пријави против тројца скопјани за одделни случаи на сомнение за силување деца кои не наполниле 15 години. Според полицискиот билтен, едниот случај е од февруари 2026 година, а другиот од јули 2025 година.

Првата пријава е поднесена против 49-годишниот П. Н. од Скопје, кој се сомничи дека во февруари 2026 година извршил полови дејствија врз малолетник.

Втората пријава е поднесена против 47-годишниот П. Н. и 62-годишниот А. Т., двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во јули 2025 година извршиле полови дејствија врз малолетник.

Двете пријави се поднесени поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.