Фото: Пeкселс

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на ковид-19. Најголем дел од новозаболените се од Скопје – 120.
Регистрирани сe 717 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Струмица и Куманово и по едно починато лице од Скопје, Прилеп, Битола и Штип. Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27 ноември до 24 декември, годинава. Починатите лица се на возраст од 57 до 82 години. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.