Германското советодавно тело за вакцинација денеска препорача на сите деца на возраст меѓу 12 и 17 години да добијат зголемена доза од вакцината против коронавирус.

Според Ројтерс, Германија постави нов дневен рекорд во изминатите 24 часа – повеќе од 81.000 позитивни случаи на коронавирус.

По САД, Израел и Унгарија, Германија е меѓу првите земји во светот кои препорачаа вакцинација на децата на таа возраст.

Сегашната состојба со наглото зголемување на бројот на случаи предизвикани од омикрон и страшните последици по здравствениот систем во Германија, го прави неопходно продолжување на кампањата за вакцинација“, велат од советодавното тело, познато и како СТИКО.

Во соопштението на СТИКО се вели дека третата доза треба да биде вакцината Фајзер, која децата треба да ја примат не порано од три месеци по примањето на втората доза од вакцината.

Исто така, се додава дека ризиците од тешки несакани ефекти се многу ниски, додека податоците за ефикасноста и безбедноста на дозите за засилување за деца на возраст од 12 до 17 години се сè уште ограничени.